Физичката активност не е опција – тоа е задолжение за секој тинејџер

Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), тинејџерите на возраст од 12 до 17 години треба да имаат најмалку 60 минути умерена до интензивна физичка активност секој ден.
Зошто е важно:
Редовното движење и спорт не се важни само за физичката форма, туку и за:
-
здрав развој на коските и мускулите,
-
подобра концентрација и училишен успех,
-
намалување на стресот и анксиозноста,
-
јакнење на кардиоваскуларното здравје.
Каков тип активности се препорачуваат:
-
Брзо одење, трчање, возење велосипед, танцување, планинарење или тимски спортови како кошарка, фудбал и ракомет.
-
Најмалку 3 пати неделно се препорачува активност што го зајакнува мускулниот и коскениот систем, како вежби со сопствена тежина, искачување или спортови со скокови.
Совет за родителите:
Важно е активноста да биде забавна и доброволна, а не казна или обврска. Кога младите уживаат во спортот, поголема е веројатноста да го задржат активниот стил на живот и во зрелите години.
Дури и помеѓу 30 и 60 минути активност дневно има значителни здравствени придобивки, но најдобар ефект се постигнува со редовна, дневна активност.
