Денес и небото плаче: „Џуџуле едно, не се договоривме вака... Почивај во мир, братче мое“

Денес и небото плаче: „Џуџуле едно, не се договоривме вака... Почивај во мир, братче мое“

Објавена во: Совети // Другарство

Социјалните мрежи се претворија во море од солзи, фотографии и последни збогувања. Блиски пријатели, колеги, фанови и јавни личности со треперливи зборови се простуваат од човекот кој остави неизбришлива трага – не само на сцената, туку и во срцата на сите што имаа чест да го запознаат.

Секоја објава носи болка, но и љубов. Секоја фотографија – спомен што сега тежи повеќе. Тешко е да се најде вистински збор за збогување со Панчо – човекот со големо срце и уште поголема душа, кој заедно со Андреј преку ДНК ја обликуваше музичката реалност на едно време и на една генерација.

„Џуџе, широко небо. Се измори, пејте заедно“ – напиша актерката Миа Костова, во една од најтрогателните пораки.


„Џуџе мое. Џуџуле едно, не се договоривме вака... Почивај во мир, братче мое“ – се прости Перо Антиќ.

„Фала ти за секој совет, за секоја поддршка, за сè… Ќе ни фалиш“ – запиша Антониа Гиговска, со која заедно ја создадоа „Ванила“.

Панчо повеќе не е меѓу нас, но љубовта што ја ширеше, музиката што ја создаваше и добрината што ја оставаше зад себе – остануваат засекогаш.







Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: