АЈКУЛА Ѝ ЈА ИЗЕДЕ ДРУГАРКАТА ПРЕД ОЧИ, ТАА ЕДВАЈ СЕ СПАСИЛА! „Слушнав како вриска и почна да се фрла“ – вака Тамара успеала да си го спаси животот!

АЈКУЛА Ѝ ЈА ИЗЕДЕ ДРУГАРКАТА ПРЕД ОЧИ, ТАА ЕДВАЈ СЕ СПАСИЛА! „Слушнав како вриска и почна да се фрла“ – вака Тамара успеала да си го спаси животот!

Објавена во: Совети // Другарство

Во врелото лето во 1981 година, 21-годишната Американка Тамара Енис заедно со тројца пријатели од факултетот – Рендал Коен, Даниел Перино и Кристи Вапниарски – испловиле од брегот на Флорида за мала морска авантура. 

Но наместо мирен ден на океанот, доживеале нешто што ќе ги одбележи засекогаш.

Ненадејна бура го превртела нивниот брод и четворицата се нашле во Атлантскиот океан, опкружени со ајкули.

„Во еден момент сè стана тивко – ја сфативме реалноста“, раскажува Тамара во емисијата I Survived.

Прво се обиделе да останат покрај превртениот брод, надевајќи се дека некој ќе ги забележи. Но кога поминало време без помош, одлучиле да пливаат кон брегот, додека сè уште имаат сила.

По околу час пливање, Тамара слушнала крик. Прво помислила дека Кристи се дави, но потоа забележала ајкули кои кружат околу неа.

„Следната сцена беше како од филмот Ајкулите. Веднаш знаев дека е нападната,“ раскажува Тамара. Кристи извикала да ѝ помогнат, но веќе во следниот момент била мртва.

Тамара продолжила да плива и почувствувала како нешто огромно ѝ минува под нозете – ајкула, поголема од неа. „Во тој миг си реков – морам да размислувам како риба, да се однесувам како да припаѓам тука. Продолжив да пливам и ајкулата не ме нападна.“

Пливањето траело со часови. Како што поминувало времето, Тамара почнала да халуцинира и се чувствувала како животот да ѝ поминува пред очи. Морските струи ја оддалечиле од нејзините пријатели.

По околу осум часа, Тамара се приближила до брегот и била забележана од спасувач.

„Му реков дека пливам со часови, дека еден човек е мртов и дека не знам што се случило со другите двајца.“

За среќа, и Ренди и Даниел биле пронајдени живи. Телото на Кристи никогаш не било пронајдено.



Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: