30 квадрати не само што е доволен простор за живот, во средина е идеален

30 квадрати не само што е доволен простор за живот, во средина е идеален

Објавена во: Мода // Moj стил

Во Токио, каде што секој квадратен метар вреди злато, ентериер-дизајнерите со децении пронаоѓаат иновативни начини дури и најмалите станови да ги направат функционални и удобни.

Еден од најубавите примери е сосема нов мал стан од 31 квадрат кој покажува како паметни решенија можат да создадат чувство на пространост и ред.

Уредување на просторот

Станот е исклучително уредно организиран и внимателно опремен, што го прави совршен пример за сите кои живеат во помали гарсониери или еднособни станови. На влезот ќе ве пречекува плакар за обувки – дискретно решение кое го ослободува ходникот од неред.

Бањата е вистински хит: чиста, модерна и со многу паметно поставени полици. Зад огледалото се наоѓа ормарче, идеално за козметика и ситници, а има и простор за машина за перење – детал кој недостига во многу наши гарсониери. 

Во бањата има и сушара, па нема потреба алиштата да висат низ собата. Потполно се одвоени делот со када и тоалетот.

Кујна и дневен простор

За разлика од многу мали станови, тука има шпорет со три рингли и мал простор за скара за риба, што во Јапонија е вообичаено, но кај нас вистинска реткост.

Дополнително, има многу ормарчиња и доволно простор за фрижидер. Кујната покажува дека и мал простор може да биде навистина функционален.

Дневниот и спалниот дел се вешто одвоени со троделни лизгачки врати кои се претвораат во „ѕид“. Така, еднособниот стан лесно се трансформира во двособен, а притоа останува светол и проветрен. Во спалниот дел има и работна маса – практично решение за оние кои работат од дома.

Светлина и балкон

Големите прозорци го облеваат просторот со природна светлина, а станот има и мал балкон – доволно за сушење алишта или саксии со цвеќе.

Извор: Мондо / Youtube / A Micro Apartment Life 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: