 
                                                
                                                УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.
Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.
Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.
Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.
Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.
Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.
Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.
Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава
 
                                                 
                                                 
                                                 
                                                 
                                                 
                                                 
                                                