
Телеком влегува во партнерство со Wolt – 12 месеци бесплатна достава достапна за сите корисници на Телеком
Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците.Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности.
Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со Wolt на корисниците им обезбедува ексклузивна понуда достапна само преку програмата за поволности и подароци, Magenta Moments во апликацијата Telekom MK.
Што добиваат корисниците на Македонски Телеком?
Сите корисници на Македонски Телеком можат да уживаат во ексклузивната понуда достапна само преку Magenta Moments – 12 месеци бесплатна членарина за услугата Wolt+. Со бесплатната членарина за Wolt+, корисниците, кога нарачуваат од Wolt, ќе можат да уживаат во бесплатна достава од широкиот избор на локални ресторани, продавници за храна и намирници достапни во портфолиотона Wolt. Со вклучувањето на Wolt во Magenta Moments, Телеком ја носи оваа популарна платформа за локална трговијаи достава на дофат на корисниците, овозможувајќи им дополнителна и уникатна вредност на пазарот и секојдневни заштеди, при тоа олеснувајќи им го пристапот до она што им треба, токму во моментот кога им треба.
Достапни пазари
Придобивките од ова партнерство ќе бидат достапни за членовите на Magenta Moments на следниве европски пазари: Македонија, Хрватска, Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.
За Magenta Moments
Magenta Moments е меѓународна дигитална програма на Дојче Телеком за подароци и поволности за корисниците којашто нуди телекомуникациски придобивки и придобивки поврзани со животниот стил. Програмата вклучува над 3.000 партнери и милиони членови низ цела Европа. Magenta Moments е обезбедена преку апликацијата Telekom МК, којашто е достапна бесплатно во App Store (iOS) и Play Store (Android).
За Wolt
Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки којашто развива платформа за локална трговија и ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со локални продавачи и доставувачи. Основана во 2014 година, Wolt се здружи со DoorDash (NASDAQ: DASH) во 2022 година. Заедно, овие две компании работат во повеќе од 30 земји.
*ПР објава