Стриминг со само еден клик: GLEY што и да посакаш преку Magenta TV

Стриминг со само еден клик: GLEY што и да посакаш преку Magenta TV

Објавена во: После „Школо“ // PR

Стриминг платформите и VOD (Video on demand) услугите веќе одамна се првиот избор на гледачите, коишто сакаат да имаат пристап до што повеќе содржини, на што поедноставен начин. Водејќи се токму според овој тренд, Македонски Телеком како водечка дигитална компанија, во соработка со првата македонска стриминг платформа GLEY, овозможи единствено интегрирано решение со кое корисниците ќе дојдат до содржините кои ги бараат, со само еден клик.

Корисниците на услугата Magenta TV на Македонски Телеком имаат можност да пристапат до содржините на GLEY и да уживаат во одбраната понуда на филмови и серии, што нуди ново и сосема поинакво корисничко искуство, ексклузивно за нашите корисници.

GLEY покрај незаборавните домашни филмови и серии, најомилените ТВ емисии и подкасти од македонска продукција, нуди и огромен избор на популарни регионални и светски содржини.

Сега, на многу едноставен и брз начин, со отворање на GLEY апликацијата на Magenta TV содржините стануваат веднаш достапни, без потреба за регистрација и комплицирани лозинки. Поврзаните системи автоматски го препознаваат корисникот, го регистрираат и му овозможуваат користење на услугата.

Корисниците на Magenta TVсо стандардниот пакет ќе имаат пристап до одредени содржини на GLEY, но ќе можат и да активираат некој од напредните пакети доколку сакаат да гледаат содржините кои се дел од пошироката понуда на оваа платформа.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: