Со новите Galaxy Z уреди технологијата станува дел од твојот стил на живот

Со новите Galaxy Z уреди технологијата станува дел од твојот стил на живот

Објавена во: Crush Of The Week, PR

Замисли телефон што не е само уред, туку моден детаљ, личен асистент и креативна алатка сè во едно.
Со новите Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7, Samsung не носи уште една генерација паметни телефони, туку целосно ново секојдневие.

За љубителите на стилот

Galaxy Z Flip7 е како дизајнерска торбичка компактен, елегантен и секогаш подготвен да го дополни твојот изглед. Се преклопува и собира во дланка, а кога ќе го отвориш, открива голем, светол екран на кој твоите фотографии, видеа и апликации оживуваат. Со FlexCam можеш да снимаш без држење во рака - совршено за они моменти кога сонцето заоѓа, а ти сакаш да го фатиш совршениот кадар за Instagram.


За оние што сакаат сè под контрола

Galaxy Z Fold7 е твојата мобилна канцеларија и домашно кино во исто време. Замисли дека седиш во кафуле – на екранот во еден прозорец е твојата презентација, во друг е видео повикот, а во третиот бележиш идеи. Потоа, со еден потег, преминуваш на омилената серија. Нема лаптоп, нема хаос, сè е во твојата дланка.

Повеќе од телефони – тоа е твојот личен ритам

Со новата Galaxy Z серија, не станува збор само за технологија. Станува збор за тоа како се чувствуваш додека ја користиш. Како телефон што ти ја следи енергијата, ги препознава твоите потреби и се прилагодува на секоја ситуација – без разлика дали си на плажа, во авион или во канцеларија.


Galaxy Watch8 – твојот 24/7 здравствен и стилски партнер

Секој изглед е комплетен со вистинскиот часовник. Galaxy Watch8 и Watch8 Classic се доволно елегантни за да ги носиш на вечера, а доволно паметни за да го следат твоето здравје 24 часа дневно. Без разлика дали трчаш, работиш или се релаксираш, тие се тука да ти помогнат да останеш во баланс.

Малку магија дома – SmartThings

И додека твојот телефон е со тебе, домот те чека паметен и подготвен. Со SmartThings, можеш да ги контролираш светлата, температурата и дури и машината за перење од каде и да си. Тоа е чувството кога се враќаш дома, а сè е наместено баш онака како што сакаш.


Максимална заштита на твоите податоци

Во срцето на мобилните уреди на Samsung секогаш е и Samsung Knox – платформа за заштита на највисоко ниво. Со Knox Matrix, сите уреди и апарати од екосистемот работат заедно за да се штитат меѓусебно, користејќи приватен блокчејн, постквантна криптографија и real-time заштита.


Try Galaxy – тестирај ја Galaxy AI моќта

Aпликацијата Try Galaxy овозможува корисниците да ги искусат AI функциите како Live Translate, Chat Assist, Note Assist, Photo Assist и Circle to Search со Google  и тоа на повеќе уреди, дури и без да преминат на Galaxy.

Со новата Galaxy Z серија, Samsung ти носи технологија што се чувствува како дел од тебе. Стил, слобода и моќ сè во еден уред.
Ова не е само нова генерација телефони – ова е нов начин да го живееш секојдневието.


*Пр објава

Објавена во: Crush Of The Week, PR

Можеби ќе ве интересира: