
Со Халки, создадете мали навики за исполнување на големи соништа
Кога е вистинското време да ги научиме децата да се однесуваат одговорно со парите? Одговорот е веднаш штом почнат да разбираат што значи „вредност“. Навиките што ги градиме во раното детство, остануваат со нас засекогаш, а финансиската писменост не е исклучок.
Многу родители се прашуваат како да започнат со оваа тема, дали е доволно само да им се зборува за пари или треба да им се посочи и реален пример? Токму за оваа цел, Халкбанк го креираше производот Халки,детско штедење, со кој родителите можат на практичен и едноставен начин да го започнат процесот на финансиско воспитување.
Што е Халки?
Халки е орочен детски депозит кој се отвора на име на детето, со минимален износ од 1.000 денари или 20 евра. Достапни се повеќе рокови за штедење од 25, 36, 48 и 60 месеци, со фиксни годишни каматни стапки кои растат со должината на орочување. За депозити во денари, каматната стапка започнува од 3,00% за 25 месеци, и достигнува до 3,60% за орочување од 60 месеци. За депозити во евра, стапките се движат од 2,20% до 2,60%.
По истекот на орочувањето, ако детето сè уште не е полнолетно, депозитот автоматски се продолжува. Кога ќе наполни 18 години, средствата се префрлаат на негова трансакциска сметка и стануваат достапни за користење.
Прв чекор кон самостојност
Халки не е само финансиски производ, тоа е алатка со која децата учат што значи да се има сопствена одговорност. Со отворањето на депозитот, секое дете добива персонализирана штедна книшка и симболичен подарок, мал, но значаен гест што го претвора штедењето во лично искуство. Така, уште од најмали нозе, се создава чувство дека парите имаат вредност, а грижата за нив е дел од грижата за себе. Штедењето не се доживува како апстрактен поим, туку како нешто блиско и неопходно.
Периодот на летни одмори често е време кога семејствата заедно носат одлуки, планираат, создаваат нови навики. Токму сега е одлична можност да се направи чекор кон финансиска писменост и сигурна иднина. Отворањето детски штедни сметки во Халкбанк е едноставно и достапно во сите филијали, а секој нов Халки депозит носи и симболичен подарок за најмладите.Но, вистинската вредност не е само во самото штедење, туку во пораката што ја испраќаме, дека веруваме во способноста на нашите деца да пораснат во одговорни, самостојни и свесни личности.
ПР објава