Шеста година по ред „Среќно прваче“ - Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Шеста година по ред „Среќно прваче“ - Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Објавена во: После „Школо“ // PR

Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и носител на голем број активности за општествена одговорност на банката.

Букварот за финансиска писменост содржи триесетина основни финансиски поими кои се илустрирани и опишани на јазик разбирлив за возраста на првачињата. Преку него тие можат да ги научат основите на финансиската писменост и да стекнат корисни навики за штедење.  

„Среќно прваче е една од нашите најдраги активности бидејќи е посветена на првачињата, кои денес, на 1-ви септември, почнуваат нова епизода во својот живот. Нашата цел е преку специјално дизајнираните пакетчиња да им испратиме порака дека учењето нови работи може да биде забавно и на тој начин да се почувствуваат прифатени во новата училишна средина. Букварот на Халки е уникатно издание кое на првачињата ќе им овозможи да научат и нешто ново и интересно за финансиската одговорност“, вели вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Иницијативата „Среќно прваче“ секоја година се спроведува во различни општини од повеќе региони во Македонија. Годинава, од скопските општини, е вклучена Кисела Вода, каде активноста ќе се реализира во сите осум основни училишта.

„Грижата за децата е еден од стожерите во работата на Општина Кисела Вода и токму затоа со задоволство се вклучивме во иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, која веќе традиционално претставува симбол на внимание и посветеност кон најмладите. Образованието не е само она што се стекнува во училишните клупи, туку и градењето корисни навики кај децата преку примери на општествена одговорност и креирање подобри услови за нивен непречен раст и развој. Само заедно, со учество на сите општествени фактори, можеме да изградиме подобра заедница за нашите млади, за нашата иднина“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Дополнително, Халкбанк ќе им посака среќен почеток и на сите првачиња во општините Прилеп и Берово.

„Горд сум што Општина Прилеп се приклучува на оваа општествено - одговорна иницијатива „Среќно прваче“ на Халкбанк. Со подарување пакетчиња за првачињата, заедно се грижиме да им обезбедиме радосен и достоинствен почеток на новата учебна година. Особена вредност има што покрај основниот училишен прибор, децата го добиваат и „Букварот на Халки“, кој ги запознава со важните теми на финансиската писменост уште од најмала возраст“, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Искрена благодарност до Халкбанк за донираниот училишен прибор за нашите најмали - првачињата. Оваа донација е прекрасен гест и силна поддршка за нивниот прв чекор во образованието. Заедно со вакви партнери градиме посветла иднина за децата и вложуваме во највредното – знаењето“, рече градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк преку слончето Халки спроведува голем број активности за поддршка на децата и младите, кои главно се насочени кон градење позитивни навики за инклузија, заштита на животната средина, развој на креативноста, одговорно родителство.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: