Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади - И во ред е да не е совршено

Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади - И во ред е да не е совршено

Објавена во: После „Школо“ // PR

Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите - поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм - но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој студент. А, токму таа несовршеност го прави искуството автентично.

Халкбанк ја препознава токму таа реалност и со кампањата „Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади“ испраќа порака дека е во ред да се греши, да се лута низ ходници, да не се добие 10-ка на испит и да се учи во движење. Несовршеноста е дел од патот кон самостојноста, а HalkEZ е тука да го олесни оној дел од приказната што се однесува на првите банкарски искуства, бидејќи за многу студенти, банкарството е исто толку ново колку и почетокот на студентскиот живот. Отворањето на платежна сметка, користењето на картичка или онлајн трансакциите се чекори што ја означуваат нивната нова самостојност...

Во оваа реалност се вклучува и HalkEZ пакетот за млади, дизајниран за генерацијата што живее брзо, дигитално, динамично и несовршено. Пакетот наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, сигурно не е совршен, но нуди:

●  Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство со Виза дебитна картичка за млади.

●  Без надомест за водење на трансакциска сметка.

●  Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.

●  SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.

●  SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.

●  Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.

●  Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.

●  Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.

А за да го одбележи стартот на оваа иницијатива, Халкбанк подготви изненадување за првите 50 студенти кои до 3 октомври ќе отворат HalkEZ пакет. Овие лица ќе добијат кредит од 600 денари преку платформата „Корпа“ како мал знак дека несовршениот почеток може да биде и охрабрувачки.

„Младите растат преку несовршените моменти. Затоа, сакаме да им кажеме дека е во ред да се соочуваат со гафови и хаос, зашто токму тие моменти, во иднина ќе ги изградат во силни личности што ќе знаат да се справат со секакви ситуации. А HalkEZ е тука да им го олесни првиот чекор во светот на банкарството и да им даде поддршка што се вклопува во нивниот стил на живот,“ велат од Халкбанк.

Со HalkEZ банкарскиот пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, тие добиваат партнер што ќе ги следи во секојдневните предизвици, средношколските денови и првиот ден на факултет, па сè до моментите кога ќе се чувствуваат самостојни. Несовршено совршено, како и нивното секојдневие.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: