НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период

НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период

Објавена во: После „Школо“ // PR

Малопродажниот лидер Нептун лансира нова атрактивна можност за сите купувачи: „Купи сега, плати подоцна“ – кампања која овозможува набавка на клима уред со 3 месеци одложено плаќање, а потоа отплата до 45 еднакви месечни рати со фиксен износ.

Понудата е овозможена преку НЛБ Инстант Потрошувачки Кредит, без сложена процедура и со едноставна апликација директно во продажната мрежа на Нептун. Во првите 3 месеци, клиентот плаќа само камата, без отплата на главнината на кредитот. По истекот на грејс периодот, следува отплата на кредитот до 45 месечни рати.

Оваа финансиска погодност е идеално решение за сите што сакаат веднаш да купат клима уред, а да започнат со отплата дури по три месеци – без финансиски притисок, со фиксен месечен износ и едноставно процесирање.

„Со оваа понуда им овозможуваме на нашите клиенти да купуваат паметно – без да го одложат своето задоволство и комфор. Нептун го прави купувањето достапно, брзо и без стрес“, изјавуваат од компанијата.

Промоцијата важи до 31 јули 2025 година во сите продавници на Нептун низ државата, како и онлајн на https://www.neptun.mk.

 Аплицирањето за кредит е достапно на лице место, со поддршка од продажниот персонал.

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: