
Мал круг, големо модно искуство – Be. со Private Pop-Up за својата заедница
Присутните имаа ретка можност одблиску да ги истражат новите модели, да ги пробаат парчињата и лично да ги почувствуваат текстурите и материјалите со кои Be. гради препознатлива модна естетика.
Брендот, познат по користење на deadstock материјали и лимитирани серии, уште еднаш го потврди својот фокус на квалитетна изработка и внимателен дизајн. Гостите беа импресионирани од финишот, структурата и вниманието посветено на секој детал.
Дополнителен шмек на атмосферата ѝ даде специјалниот коктел на база на Tanqueray, креиран токму за овој настан од екипата на @gemaktrade. Освежувачкиот микс, инспириран од духот на брендот, едногласно беше наречен "Be. different" – токму како што и самата модна филозофија на Be. нè учи да бидеме.
Со овој интимен настан, Be. испрати силна порака дека гради модна заедница која знае да препознае и вреднува автентична, бавна мода и најави уште многу вакви интимни настани.
Сите достапни парчиња на “Be.” Можете да ги погледнете на нивната онлајн продавница: www.be.com.mk/shop или во Скопје во продажното место на Disciplina во близина на Merriott.
Фотограф: Марио Андоновски
ПР објава