
Кремасто, лесно и полно со протеини – Грекос е грчкиот јогурт што го сакаш
Има нешто магично во тие летни денови кога телото тежнее кон леснотија, а душата бара вкус што смирува. Во такви моменти, вистинскиот одговор доаѓа во бела, кремаста форма – Грекос грчкиот јогурт што секогаш знае како да го освежи денот.
Грекос не е само јогурт. Тоа е летна приказна раскажана преку вкус, кремаста, богата текстура, природен извор на протеини и свежина што се чувствува со секоја лажичка.
Во жештината на август, кога апетитот станува пребирлив, телото се врти кон храна што освежува, заситува и не оптоварува. Грекос го исполнува сето тоа. Тој е лесен, но моќен избор што се вклопува во ритамот на летото.
Инспириран од медитеранската кујна, таа вековна филозофија на рамнотежа и природен вкус, Грекос не е само млечен производ, туку чувство. Од првиот залак до последната капка, тој го претвора секој оброк во доживување. Не само затоа што е вкусен, туку затоа што го прави секојдневието полесно, поздраво и посреќно.
Три пати свежина, секогаш Грекос
Грчкиот јогурт Грекос доаѓа во повеќе варијанти и секој со потребната доза хранливост и свежина. Секој од нив содржи природни протеини, што го прави лесно сварлив и погоден за појадок, ужина или вечерно задоволство под месечина.
Грекос оригинал е класика која инспирира креативност за комбинирање со разни состојки, од јаткасти плодови, супер житарки, па се до свеж или лиснат зеленчук, за сите оние што сакаат да уживаат во експериментирање.
Кога вкусот, пак, добива боја и карактер, Грекос овошните јогурти се претвораат во мали авантури за сетилата. Со сочни парчиња јагода, дива енергија од шумско овошје или мека нежност од кајсија, тие носат мирис на море и спокој. Како создадени за во движење, на плажа, во канцеларија или како ритуал во тишината на летното утро.
А за оние што бараат нешто повеќе тука е Грекос High Protein. Во практично пакување од 150г, со 9г протеини и само 1,5% масти, тој е идеален за после тренинг, за активен ден или едноставно кога сакаш да си дадеш сила без да се откажеш од уживањето.
Ова лето, не оди далеку по свежина. Таа е тука во секое пакување Грекос.