
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година.
Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group ги обединува и Flex Broker - брокерско друштво кое преку партнерства со водечките осигурителни компании нуди најдобри осигурителни решенија, како и Flex Pay и NAN. Со ова, компанијата се вбројува меѓу најголемите финансиски работодавци во земјата и продолжува да го зајакнува својот пазарен удел воведувајќи нови услуги, сѐ со цел, да го олесни секојдневието на граѓаните.
Според податоците презентирани на конференцијата, компаниите бележат поголем раст од предвиденото, во споредба со истиот период лани. Паралелно, се проширува и мрежата на филијали, како и портфолиото на услуги преку Flex Pay, кое треба да донесе уште поголема дигитализација и побрзи трансакции за клиентите.