Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени

Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени

Објавена во: После „Школо“ // PR

Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултатиза првата половина од 2025 година.

Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.

Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени.

Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедат дополнителна мотивација, но и да поттикнат баланс помеѓу работата и личниот живот на вработените. Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија на компанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се цени индивидуалниот и тимскиот придонес.

Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден од најголемите работодавачи во својата дејност во Македонија. Континуирано инвестира во развој на човечки ресурси преку различни програми за наградување, унапредување и обуки, со што создава услови за професионален и личен раст на секој вработен.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: