Паметен часовник, AI тутор – Како препишуваат денешните деца на тестовите? (видео)

Паметен часовник, AI тутор – Како препишуваат денешните деца на тестовите? (видео)

Објавена во: Совети // School zone

Речиси и да не постои ученик којшто некогаш не се снашол со препишување на тестовите. 

Едноставно, тоа е така, понекогаш колку и да сте добри ученици, нешто не ви влегува во глава, а пред вас е тест. Како поинаку би се снашле ако не постоеа старите добри ливчиња за кои сте слушнале и од вашите родители?

Јас кога бев ученик и студент сум видела колешки како кријат ливчиња во дланката, под тестовите, под хулахопките...

Но, очигледно денешните деца нашле уште покреативни начини како да ги инкорпорираат ливчињата за препишување без некој да ги најде.

Една помлада тиктокерка од рeгионот која на својот канал редовно споделува трикови за полесно учење, објави видео во кои ги сподели своите пет начини за „мамење“ на тестовите.

Првиот начин е користење на ливчиња кои може да се залепат во патиката и надвор од патиката.

Вториот начин е користење на паметен часовник, на кој може да се залепат ливчиња.

Третиот начин е користење на шише со вода и лепење на ливчиња внатре под етикетата на шишето.

Четврти начин е да се искористи онлајн туторот Astra AI да ти помогне да ги решиш задачите и петтиот начин е да залепите ливчиња на грбот на другарката пред вас и да го скриете со нејзината коса.

Очигледно, многу е полесно да препишуваш на тестовите кога ти е дозволено на клупата да имаш и шише со вода и паметен часовник.

Порано на тест беше дозволено на клупа да стои само молив и гума, можеби затоа бевме покреативни, или пак не.

А да не зборуваме и за тоа дека денеска ливчињата се смалуваат на компјутер за секунда, ние понекогаш трошевме повеќе време на нив, отколку што ни требаше да го научиме материјалот.


РЖМ / Б. С. Б. 

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: