Оваа американска актерка го украси холивудскиот знак со градници, еве зошто!

Оваа американска актерка го украси холивудскиот знак со градници, еве зошто!

Објавена во: Мода // Must have

Американската глумица позната по својата неодолива убавина, Сидни Свини тајно се искачи на познатиот знак Холивуд во Лос Анџелес и на него закачи градници (погледни на следниот линк). Овој потег, изведен во ноќните часови, може да ја доведе во сериозни правни проблеми.

Според извештаите на „TMZ“, причината за овој необичен перформанс било снимање промотивно видео за лансирање на новата линија долна облека на актерката. Сидни Свини со себе имала тим кој го документирал секој момент од искачувањето на буквата „Х“, додека во рацете држела градници кои потоа ги закачила на јаже растегнато меѓу буквите.

 Иако Сидни Свини добила дозвола од агенцијата „FilmLA“ за снимање во близина на знакот, таа дозвола не вклучувала право да се допира или да се искачува по самиот натпис. Холивудската стопанска комора, која е сопственик на знакот Холивуд, јасно ја информирала нејзината продукциска куќа дека без посебно одобрение не е дозволено користење на знакот за снимање или перформанси.

Претседателот на комората изјавил дека за ваквиот чекор на Свини не била дадена никаква дозвола, која била задолжителна. Сè уште не е прецизирано дали ќе биде поднесена пријава за нарушување на имот или вандализам, но Сидни Свини и нејзиниот тим би можеле да се соочат со сериозни последици поради ваквиот потег.

Градниците биле отстранети по завршувањето на снимањето, но според наводите, Сидни и нејзината екипа оставиле четири или пет парчиња на самото место, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Извор: Kurir.rs

Фото: Скриншот

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: