Кратки факти за бендот BLACKPINK - Не се сите девојки од Кореа, најавија нов албум

Почетокот на 2026 година донесе нов тренд - навраќање и потсетување на настаните што се случија во 2016 година, а токму тоа е годината кога се формира и една од најпознатите женски K- поп бендови, BLACKPINK.
Лиза, Роуз, Џини и Џисо во својата кариера имаа голем број соработки со познати музичари како Селена Гомез, Дуа Липа и Лејди Гага, а благодарение на уникатниот стил, добрите песни и свежината што ја донесоа на музичката сцена, девојките брзо се вивнаа во светска слава.

Пред две години, во 2024 година, сите девојки започнаа соло кариера.
Ова предизвика големо разочарување кај нивните фанови, бидејќи сите очекуваа дека групата ќе се распадне, но една година подоцна девојките се вратија пак на сцената, по што започнаа нова турнеја.
Сега, најавија нов мини албум, кој треба да излезе на 27-ми февруари годинава.
Во продолжение неколку интересни факти за бендот што можеби не сте ги знаеле:
Името на групата носи симболика. Првично требало да се вика Pink Punk, но конечно е избрано BLACKPINK. „BLACK“ ја симболизира нивната силна енергија и самодоверба, додека „PINK“ ја претставува нивната женственост и нежна страна.
Иако се K-pop група, сите членки не се родени во Кореја.
Џису и Џени се родени во Јужна Кореја, но Џени израснала во Нов Зеланд. Розе е родена во Нов Зеланд, а израсната во Австралија. Лиса, главната раперка и танчерка, доаѓа од Тајланд.
Сите течно зборуваат корејски, но зборуваат и други јазици. Лиса зборува тајландски, англиски и корејски. Џени и Розе течно зборуваат англиски, а Џису активно го учи англискиот јазик, со препознатлив и симпатичен акцент.

Џени беше првата членка на BLACKPINK што започна соло кариера. Нејзиниот сингл „SOLO“ излезе на 12 ноември 2018 година и веднаш стана хит. По неа, соло проекти објавија и Розе, Лиса и Џису.
Со спотот за „Ddu-Du Ddu-Du“, BLACKPINK станаа првата K-pop женска група што достигна 1 милијарда прегледи на YouTube.
Во 2021 година, BLACKPINK ја освоија MTV Video Music Award за „Song of the Summer“ со „How You Like That“. Во 2023 година ја добија и наградата за „Best K-pop“.

Во 2018 година, групата го имаше реалити-шоуто „BLACKPINK House“, кое го прикажуваше нивното секојдневие, пробите и настапите. Шоуто беше емитувано на YouTube и собра над 400 милиони прегледи.
РЖМ / Б. С. Б.
