Ја помниме како мајката во „Сам дома“, боледувала од ретка болест – Почина актерката Кетрин О’ Хара

Светот се збогува со актерката Кетрин О’Хара, која засекогаш ќе ја помниме по улогата на мајката на Кевин, во хит филмовите со кои израснаа многу генерации „Сам Дома“ (Home Alone). Актерката починала на 71-годишна возраст, откако претходно итно била пренесена во болница.

Како што пишуваат странските медиуми, актерката Кетрин О’Хара вчера (30.01) околу 5 часот наутро, била пренесена во болница во Лос Анџелес во „сериозна“ состојба, каде подоцна починала. Според она што се пишува во таблоидите, таа имала потешкотии со дишењето.
Сè уште не е јасно што ја предизвикало смртта на О’Хара, но,како што соопштуваат нејзините агенти, легендарната актерка починала „по кратка болест.
Нејзините претставници не дадоа дополнителни детали.

Сепак, О’Хара страдала од situs inversus — исклучително ретка состојба при која сите органи на една личност се наоѓаат на спротивната страна од телото во споредба со повеќето луѓе.
Нејзиниот црн дроб, на пример, се наоѓал на левата страна, а срцето на десната.
Оваа состојба обично е безопасна, но може да ги направи идните компликации потешки за дијагностицирање, бидејќи симптомите можат да се појават поинаку кај луѓето со „огледално“ распоредени органи.

Само околу 1 од 10.000 луѓе се дијагностицирани со situs inversus, што е почесто кај мажите, според Cleveland Clinic.
Друга позната личност со оваа состојба е Енрике Иглесијас.
Кетрин зад себе ги остави сопругот со кој беше во брак 33 години, Боб Велч, и нивните два сина, Метју (31) и Лук (29).
О’Хара ја започна својата кариера во 1974 година во The Second City, театар за изведувачки уметности, во нејзиниот роден град Торонто, Канада.

Сепак, таа стекна слава кога ја презеде улогата на Делија Диц во филмот Beetlejuice на Тим Бартон, а улогата во филмот Home Alone ѝ ја донесе најголемата слава.
РЖМ / Б. С. Б.