Говорот на Били Ајлиш цензуриран, Шер повика мртов човек на сцената – Најголемите скандали на Греми 2026

Говорот на Били Ајлиш цензуриран, Шер повика мртов човек на сцената – Најголемите скандали на Греми 2026

Објавена во: Stars // Музика

Мигот кога 79-годишната Шер го згреши името на добитникот на наградата што требаше да го најави, остриот политички говор на Били Ајлиш кој на крај беше цензуриран. Кои мигови од Греми 2026, долго ќе ги паметиме?

Доделувањето на Греми наградите е еден од најголемите музички и модни настани во светот, а синоќа (01.02) во Лос Анџелес се собраа најзвучните имиња во музиката и модата со цел да го проследат доделувањето на наградите на оние кои дале најголем придонес во музиката во изминатите 12 месеци.

Настанот беше одбележан со впечатливи модни изданија, како она на Хајди Клум, која прошета како жива барбика во „пластичен“ фустан во којшто не можеше да оди.

А во рамки на самото доделување на наградите имаше неколку скандалозни мигови за кои долго ќе се зборува.

Така, говорот на поп ѕвездата Били Ајлиш беше цензориран затоа што таа моментот кога ја доби наградата за Песна на годината го искористи јавно да го искаже своето мислење за агентите на ICE (Силите за имиграција и царинско управување)во САД.

„Колку и да се чувствувам благодарна, искрено сметам дека не треба ништо друго да кажам оцвен дека никој не е илегално присутен во украдена земја“ – со што ги потсети присутните на колонизацијата на САД.

На крај пејачката упати пцовка до споменатата единица во САД, што на крај беше цензурирано од страна на светските телевизии.

Уште еден неочекуван момент беше настапот на Џастин Бибер на сцената во чорапи и во боксерки, особено ако се земе предвид дека на црвениот тепих прошета во одело направено по мерка од Balenciaga и дијамантски синџир околу вратот од 100 карати, а заедно со неговата сопруга носеа вкупно околу 160 карати дијаманти.

 

Исто така, публиката долго ќе го помни мигот кога Лејди Гага ја доби наградата за Најдобар вокален албум и „киселиот“ израз на лицето на Мајли Сајрус, која очигледно очекувала дека ова ќе биде нејзина година.

Наместо да стане и да упати аплауз како сите останати во салата, Мајли е уловена како седи и со неверување ја гледа својата колешка на сцената.

За крај, секако најскандалозен беше мигот кога Шер на сцената повика починат изведувач на сцената за да ја добие наградата.

Таа го повика Лутер Вандрос, кој почина во 2005-та година, но најверојатно 79-годишната пејачка се збунила затоа што наградата требаше да ја добие Кендрик Ламар за песната „Luther“.

РЖМ / Б. С. Б.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: