Фотни, уреди, сподели како професионалец: Феноменални AI трикови за твоите најдобри фотки и видеа досега

Сите го знаеме тоа чувство: правиш брутално добра фотка, светлото е топ, аглите се погодени, ама во позадина има канта за ѓубре или некој случаен лик што ти го расипува целиот „aesthetic“. Или уште полошо - снимаш видео на концерт, а на стори изгледа како да е снимано со телефон од пред 15 години...
Добрата вест? Веќе не ти треба камера од 2.000 евра за твојот feed да изгледа професионално. Со Samsung Galaxy A серијата и уредите A56, A36 и A26, Samsung ги донесе најјаките AI алатки во твојот џеб, правејќи ја границата меѓу обична фотка и вирален контент речиси невидлива.

Твојот нов „cheat code“ за совршен feed
Главната ѕвезда во екипата, Galaxy A56 доаѓа со камера која не само што „гледа“ подобро, туку и „размислува“. Благодарение на AI интеграцијата, неговиот Photo Assist ти овозможува да ги поместуваш луѓето на фотката, да ги менуваш големините на објектите или целосно да ги избришеш оние што ти пречат. Сакаш да го „исчистиш“ небото или да додадеш малку повеќе драма? AI го прави тоа со еден клик, додека ти само го чекаш првиот лајк.
За оние кои се постојано во движење, Galaxy A36 и Galaxy A26 се вистински „ѕверки“ кога е во прашање батеријата и брзината. Нема ништо полошо од тоа телефонот да ти закочи додека монтираш Reels видеа. Овие уреди се оптимизирани да работат брзо со сите поголеми апликации, а со Nightography режимот, твоите ноќни излегувања ќе изгледаат јасно, без оној досаден „шум“ на сликата.

Екосистем што те разбира
Она што ја прави оваа серија посебна е тоа што не е само телефон, туку е дел од екосистемот кој ти го олеснува животот. Твоите Galaxy Buds и Galaxy Watch се поврзуваат инстантно, па можеш да ја контролираш камерата на твојот A56 директно од зглобот додека позираш од далеку.
Уште си на „другата страна“? Try Galaxy!
Ако сè уште користиш друг телефон и се прашуваш дали разликата е навистина толку голема, Samsung има генијално решение – Try Galaxy. Оваа веб-апликација ти дозволува буквално да го тестираш интерфејсот на Samsung на твојот сегашен уред. Можеш да видиш како работи функцијата Generative Edit, да видиш колку е лесно пребарувањето со заокружување на екранот и да ја почувствуваш моќта на AI пред воопшто да решиш да го купиш својот Galaxy уред.

Зошто да чекаш?
А серијата на Samsung одамна го сруши митот дека за добри карактеристики мора да потрошиш цело богатство. Со феноменален дизајн, камери што вадат профи фотки и вештачка интелигенција која го прави најголемиот и најтешкиот дел од работата место тебе, Samsung Galaxy A56, Galaxy A36 и Galaxy A26 се тука за да те направат главен/главна на социјалните мрежи. Твојот следен „Awesome“ момент те чека. Истражи ги сите детали на samsung.mk.
ПР Објава
