Еве зошто Јапонките го мијат лицето со кисела вода

Еве зошто Јапонките го мијат лицето со кисела вода

Јапонската рутина за убавина одамна е позната по едноставните, но ефикасни чекори кои ѝ даваат на кожата здрав и негуван изглед. Еден од трендовите што во последно време привлекува големо внимание е миењето на лицето со газирана вода. Овој метод, кој ја користи силата на ситните меурчиња, со што се прави подлабинско чистење на порите, блага ексфолијација и освежен тен со природен сјај.

Зошто баш газирана вода?

Газираната вода содржи јаглероден диоксид кој создава меурчиња заслужни за нежно, но сепак темелно чистење на кожата. Тие помагаат од порите да се извлечат нечистотиите, вишокот себум и остатоците од шминка. Покрај тоа, јаглеродната киселина во газираната вода има благo кисел pH вредност, околу 5,5, која е поблиска до природната pH вредност на кожата отколку обичната вода од чешма.

Ваквата рамнотежа може да значи помалку сушење и иритации, а во исто време подобрената циркулација придонесува за посвеж и поздрав изглед на лицето.

Кои се придобивките од миење на лицето со газирана вода?

Длабинско чистење на порите: Меурчињата делуваат така што ја подигнуваат и отстрануваат нечистотијата, маснотијата и наслагите кои се задржуваат длабоко во порите.

Блага ексфолијација: Карбонизацијата функционира како микроскопски четкички кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, без грубо триење.

Подобра циркулација: Контактот на кожата со газираната вода може да ги прошири ситните крвни садови, со што се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи.

Посветол и поизедначен тен: Благодарение на подобрениот доток на крв, кожата може да изгледа поздраво, посвежо и поблескаво.

Поприфатлива pH за кожата: Благо киселата вредност на газираната вода е помалку агресивна од водата од чешма, што ја прави погодна за секојдневна нега.

Што треба да направите?

Користете обична минерална газирана вода. Избегнувајте засладени и ароматизирани варијанти. Истурете ја газираната вода во чист сад. Важно е да не користите мијалник, за да избегнете контакт со бактерии.

Потопете го лицето во водата околу 10 секунди, дишејќи на нос, или нежно испрскајте го лицето со вода. Потоа можете да го користите вашиот вообичаен гел или пена за миење лице, или дополнително да го исплакнете лицето со газирана вода.

Некои го користат овој чекор како тоник, додека други на крај го испираат лицето со обична вода.

На што треба да внимавате?

Овој метод треба да биде дополнување на рутината за нега, а не замена за класичното чистење на лицето. Ако имате многу чувствителна кожа, започнете внимателно, бидејќи меурчињата можат да предизвикаат блага иритација.

Секогаш користете посебен, чист сад за да го намалите ризикот од пренос на бактерии.

Миењето на лицето со газирана вода можеби звучи необично, но токму во таа едноставност лежи неговата популарност. Како и кај секој бјути тренд, клучот е во правилната и умерена примена – со внимателно следење на потребите на сопствената кожа.

Извор: Она.Телеграф

Фото: Freepik


Можеби ќе ве интересира: