Богата наследничка, која се омажи во фустан со 500.000 кристали – Која е овогодинешната водителка на Евросонг?

Богата наследничка, која се омажи во фустан со 500.000 кристали – Која е овогодинешната водителка на Евросонг?
Австриската радиотелевизија ORF официјално потврди дека Евровизија 2026 ќе ја водат Викторија Сваровски и актерот и комичар Михаел Островски.
Музичкиот спектакл годинава ќе се одржи во мај во Виена, а ORF ги претставува годинешните водители како комбинација од гламур и хумор.
Да, Викторија Сваровски доаѓа од познатото семејство Сваровски, а јавноста ја познава како ТВ водителка, претприемачка, модел и пејачка.
Таа е наследничка на познатото семејство Сваровски, кое стои зад светски познатиот бренд на кристали основан од Даниел Сваровски кон крајот на 19. век.

Иако потекнува од познато семејство, Викторија одлучила да ја гради кариерата надвор од семејниот бизнис.
Веќе на 16 години потпишала договор со Sony Music, а на 18 години се преселила во Лос Анџелес, каде соработувала со познати имиња од музичката индустрија, меѓу кои и авторката Дајан Ворен.
На пошироката публика ѝ станала позната во 2016 година по победата во шоуто „Let’s Dance“. Набргу потоа станала и најмладата членка на жирито во историјата на емисијата „Das Supertalent“. Од 2018 година е постојана водителка на „Let’s Dance“, една од најуспешните емисии во германското говорно подрачје.
Водела и големи настани како „100 Years Disney Show“ и доделувањето на наградите Bambi. Во претприемништвото влегла во 2020 година, кога го основала својот beauty бренд ORIMEI, а на почетокот на оваа година ја исполнила долгогодишната желба со настап на релито Дакар.

Посебно внимание во јавноста привлече нејзината легендарна венчаница украсена со повеќе од 500.000 Swarovski кристали, со проценета вредност од околу еден милион евра, која стана една од најлуксузните фустани што некогаш биле видени.

Се проценуваше дека венчаницата чинела околу 1 милион долари, а тежелаоколу 45 килограми.
Викторија се омажи за германскиот претприемач Вернер Мурц во 2017 година, а со години наназад привлекува внимание и со луксузните патувања и животот на висока нога.

Михаел Островски – еден од најценетите австриски актери
Михаел Островски е роден во Леобен и се вбројува меѓу најценетите австриски актери, но и сценаристи, водители и режисери. Публиката често го поврзува со комични улоги, но неговиот опус е многу поширок.
Пробивот го остварил во 2004 година со филмот „Nacktschnecken“, а подоцна се појавувал во низа филмови и серии, меѓу кои „Eberhoferkrimi“ и „Vier Frauen und ein Todesfall“.
Особено се издвојува филмот „Der Onkel“ од 2022 година, во кој бил главен актер, сценарист и режисер. Како водител ги водел манифестациите како доделувањето на музичката награда Amadeus и театарската награда Nestroy, а за својата работа ја добил и престижната ТВ-награда Romy.
Евровизија 2026 ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај. Организаторите веќе ја најавуваат како еден од најочекуваните музички настани на годината, а изборот на водители дополнително ги зголеми очекувањата на обожавателите низ цела Европа.
РЖМ / Б. С. Б.
Можеби ќе ве интересира:
